Таравари најави предизборна коалиција со албанската опозиција

71

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, викендов, со фејсбук-статус, откри дека на претстојните избори, неговата партија ќе оди во коалиција со албската опозиција. Во образложението за ваквата одлука, Таравари наведува дека ја донел поради граѓаните, кои бараат промени.

– Верувајќи непоколебливо во моите колеги партиски членови и во нашата заедничка визија, барам доверба дека Алијанса за Албанците ќе влезе во изборната трка со албанската опозиција и заедно ќе го направиме најдоброто за оваа држава –пишува Таравари на Фејсбук.

Таравари ја сподели оваа одлука со јавноста, по вчерашната средба што ја имаше со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со техничкиот премиер, Талат Џафери. По споделената вест на лидерот на АА, Таравари, со реакција на Фејсбук се јави генералниот секретар на партијата, министерот за правда Кренар Лога, кој информира дека партијата е на став за самостоен настап на изборите.

– Не сум информиран за никаква понуда за коалиција со друга политичка партија. Од средбите што ги остварив неодамна со шефовите на ограноците и другите партиски структури, исто така, информиран сум дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на што треба да се одлучи – напиша Села на Фејсбук.

Но, изгледа, најдоброинформиран за случувањата е лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, кој објавувајќи ја на социјалните мрежи фотографијата од средбата со косовскиот премиер, Курти, на која присуствуваше и Таравари, кратко напиша: „Духот на единството ќе ја донесе долгоочекуваната победа“.