Танзанискиот рудар повторно најде скапоцен камен со милионска вредност

179

Танзанискиот рудар кој во јуни преку ноќ стана милионер откако пронајде два скапоцени камена вредни 3,4 милиони долари сега пронајде и го продаде и трет скапоцен камен кој исто така има милионска вредност.

Рударот Саниниу Лаизер го пронашол третиот скапоцен камен танзанит во северниот дел од Танзанија, а каменот е тежок 6,3 килограми. Лаизер го продадл за 2 милиони евра и ќе биде искористен за правење накит, пренесува Би-Би-Си.

Тој изјавил дека ќе ги употреби парите да изгради училиште и здравствена установа во својата општина во Симанџиро, во серверниот регион Манјара.

За Би-Би-Си тој изјавил дека не планира да промени животниот стил, и дека ќе продолжи да се грижи за своите 2000 крави.

Извор:www.bbc.com