Најтрофејниот рагбист во НФЛ лигата, Том Брејди, потпиша двегодишен договор со Тампа Беј, според кој ќе заработи 60 милиони долари без бонусите.

Новиот тим на легендарниот квотербек веќе пушти во продажба сезонски билети, кои беа по прифатливи цени – најлошите места се продаваат за 350 до 700 долари, а најскапите од 1.600 до 3.500. Во нив не влегуваат ложите.

По веста за доаѓањето на Брејди, нештата се променија од корен. Се очекува раст при продажбата на билети, како и во нивната цена. А тимот, кој ретко успевал да ги продаде овие карти, веќе има листа на чекање – за неколку часови, барањата го надминаа за 10 илјади капацитетот, пуштен за сопственици на сезонски билети.