Тамара како тигрица во дводелен еротски костим за пливање – со децата и момчето Лука на продолжен викенд во Дојран  

801

Згодна е и на плажата!                                                                                              “Еден дел од летото, заедно го поминавме на море во Грција, а овој другиот дел, продолжен викенд, во нашиот убав Дојран. Сите сме среќни и радосни, времето ни оди на рака, ние уживаме во тропските горештини. Јас не памтам дека скоро имавме вакво жешко лето. Моите деца Хана и Дарен имаат одлично дружење со Лука. Тој ги прифати како свои најдобри другарчиња и супер се вклопуваат во секоја игра“, вели радосно разубавената пејачка

Македонската евровизиска ѕвезда, 40-годишната поп-пејачка Тамара Тодевска, ова жешко лето максимално го користи да биде покрај вода на некоја плажа, без разлика дали е морска или езерска. Важно е да се разладува, но секако не и сама.

Таа е постојано со своите ангелчиња, синот Дарен и ќерката Хана. Убавото друштво им прави саканиот на Тамара, нејзиниот интимен партнер, скопјанецот (со црногорско потекло) Лука Радовиќ, во кого пејачката не крие дека е вљубена како некоја тинејџерка.

– Не само што сум вљубена во Лука како никогаш пред тоа во некој маж и не само што со него ми оди комуникацијата, јас сум среќна и поради тоа што моите деца имаат одлично дружење со Лука. Тој ги прифати како своите најдобри другарчиња и супер се вклопуваат во секоја игра, а особено во игрите на вода.

Еден дел од летото заедно го поминавме на море во Грција, а овој другиот дел продолжен викенд во нашиот убав Дојран. Сите сме среќни и радосни, времето ни оди на рака, ние уживаме во тропските горештини. Јас не памтам дека скоро имавме вакво жешко лето, сè беа со некои дождови, вели Тамара.

Популарната пејачка и самата сака да е што поблиску до водата и во самата вода од која скоро и да не излегува освен кога мора да им подготви на децата нешто вкусно за јадење.

На плажата Тамара, исто така, како и на сцената изгледа совршено, модерно. Папараците ја „фатија“ кога на брегот излезе облечена во тигрестиот дводелен еротски костим за пливање.

Оние што имаа среќа да ја видат признаваат дека и покрај тоа што родила две деца, изгледа прилично секси. Рака на срце, да не се лажеме, пејачката е една од оние пет македонски пејачки кои имаат природно бујни гради, со што нагалено ја ословуваат и со прекарот „македонска Саманта Фокс“.  Веројатно дека Тамара строго внимава на физичкиот изглед, но и на тоа како се храни. Поупатените велат дека Тамара има и свој личен професионален фитнес-тренер кој е заслужен за нејзиниот примамлив изглед.

Инаку, според нашите сознанија доколку овие жештини продолжат и во септември, а се чини дека така ќе биде, Тамара има во план уште еден незаборавен одмор, трет по ред за ова долго, топло лето. Сè уште не знае каде ќе заминe, но веројатно тоа би било во грчкото летувалиште Сивири, кое е како измислено за деца и за вљубени двојки. Во тоа летувалиште на Егејско Море, секое лето, семејно летува и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, па ништо чудно термините за одмор да им се поклопат во септември.                                                                                                                    – А, многумина од нас ќе се согласат дека септември е идеален месец за релаксација на море, барем (ќе) нема веќе такви неподносливи вруќини. Согласна е и Тамара, така што сè уште не се наѕира крајот на жешкото лето кај Тамара и нејзиниот сакан Лука Радовиќ.                                                                                                                 Д.М. фото:ФБ-Инстаграм