Тамара, Благица и Елена се најдобрите млади библиотекари во Гевгелија

120

Тамара Боева од основното училиште „Климент Охридски“ од село Миравци е прогласена за најдобар млад библиотекар во општина Гевгелија на натпреварот  што се одржа во организација на библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија.

Таа под менторство на наставничката Маја Танова беше најдобра во конкуренција на ученици од сите основни училишта во општина Гевгелија и само за половина бод повеќе го освои првото место пред нејзината соученичка Благица Минчева која се пласираше на второто место.

Третото место во силната конкуренција на млади библиотекари го освои Елена Ристова од гевгелиското основно училиште „Владо Кантарџиев“, која се натпреваруваше под менторство на наставничката Елизабета Инадеска Ефремова.