Талогот од кафе како сојузник во домаќинството

103

Талогот од кафе може да биде од голема корист во секојдневниот живот. Не само што можете да го користите како забава „кога замислувате желба во филџанот“, а подоцна „ја предвидувате судбината и го кроите љубовниот живот“ на вашата пријателка, талогот може добро да ви дојде како средство за чистење во куќата, за пилинг на кожата, но и како истерувач на досадни мравки и други инсекти во домот.

Еве како може да го користите:

  • Ставете го во фрижидер, против непријатни миризби
  • Користете го како пилинг за кожата, бидејќи и ги отстранува мртвите клетки и има антицелулитно дејство
  • Оставете го во делови од домот каде се појавуваат мравки и мушички, тие бегаат од кофеинот.
  • Нанесете малку на гребаници на мебелот од дрво и потоа пребришете со памучна крпа. Талогот ќе ги обои вдлабнатините и ќе ги направи помалку видливи.
  • Користете го како средство за масажа на нозете за подобра циркулација.
  • Неутрализирајте го мирисот на кромид од вашите раце.
  • Ослободете се од подочниците, ставете малку талог кафе на местото и оставете го да отстои 15 минути.
  • За крцкава кора на месото ставете малку талог да се запече на него. Делува необично, но готвачите го фалат овој потег.