Талибанците пронашле 12,3 милиони долари и злато кај поранешни авганистански владини претставници

36

Околу 12,3 милиони долари во готовина или златни шипки се пронајдени кај поранешни авганистански функционери, соопшти денеска авганистанската централна банка, еден месец откако талибанците ја обвинија поранешната влада за корупција и ја фалат својата транспарентност.

– Пронајдените пари доаѓаат од високи поранешни владини претставници како Амрулах Салех (поранешен потпретседател) и некои безбедносни агенции кои чувале пари или злато во нивните простории, се вели во соопштението на авганистанската централна банка.

Исламскиот емират, како што талибанците го нарекуваат Авганистан, се пренесе во „националната каса“ во име на „транспарентност“, се наведува во текстот.