Талибанските борци ја нападнаа канцеларијата на мисијата на ОН во Авганистан, Херат, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Фавад Аман.
„Талибанската терористичка група повторно ја нападна канцеларијата на ОН во регионот Гузар во провинцијата Херат. Авганистанските национални сили за одбрана и безбедност (АНДСФ) се борат и ги одбиваат терористите”, напиша Аман на Твитер.
Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека авганистанската војска го вратила под контрола регионот Гузар во провинцијата Херат.
Во петокот, веб -страницата на Мисијата на Обединетите нации во Авганистан (УНАМА) соопшти за напад врз голема инфраструктура на ОН во Херат во северозападниот дел на земјата, во кој загина еден полицаец. Официјални лица од ОН не се повредени. Кон влезот во зградата на мисијата беше стрелано со рачно оружје и минофрлачи.