Талибанците брутално убиле авганистански фолк пејач/ВИДЕО

124

Талибанците убија авганистански фолк пејач само неколку дена откако изјавија дека ќе забранат да се пушта музика на јавни места, објави во саботата поранешниот авганистански министер за внатрешни работи Масуд Андараби, пренесува Аларабија.

Фавад Андараби беше „брутално убиен“ во селото Андараб, според поранешниот министер, во близина на долината Паншир, во која се наоѓаат силите на отпорот против владеењето на Талибанците.

Екстремистичката група забрани пуштање музика во јавност, а портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид наводно изјавил за Њујорк тајмс дека музиката е забранета во исламот.

„Музиката е забранета во исламот, но се надеваме дека можеме да ги убедиме луѓето да не прават такви работи, наместо да ги притискаме“, рече Муџахид за „Њујорк тајмс“.

Иако групата јавно има помек тон во споредба со нивното владеење 1996-2001 година, постојат стравувања за враќање на репресивниот режим.