Манастирот Тактсанг, познат и како Тигрово гнездо, е најпрепознатливата туристичка атракција во Бутан. Овој будистички храм се издига на 3.120 метри надморска височина, на работ на карпа, која нуди прекрасен поглед на долината Паро.

Манастирот е изграден во 17 век на местото каде, наводно, слетал гуру Падмасамбхава и го довел будизмот од Тибет, па не е изненадувачки што Тигровото гнездо се смета за најсвето место во оваа јужноазиска земја.

Манастирот бил повторно изграден во раните 2000-ти години по големиот пожар што уништил многу важни артефакти и слики.

Искачувањето кон манастирот започнува на надморска височина од околу 2.100 метри (каде може да се стигне со автомобил), а тоа се препорачува само кога се прилагодите на специфичните временски услови во Бутан.

Пред вас е стрмно искачување од околу четири километри, за што ќе ви биде потребно од три до пет часа пешачење, во зависност од вашата физичка подготвеност. Како и да е, овој манастир секоја година го посетуваат голем број туристи од целиот свет.

Целиот комплекс има девет различни згради, а фотографијата и снимањето во нив е забрането.