– Сè почесто се жалат граѓани, корисници на автотакси-превозот, дека им се наплаќаат високи суми по диво наштелувани таксиметри или по некоја апликација од мобилен телефон – вели Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на автотакси- превоз на Град Скопје.
Тој додава дека трговскиот центар „Ист гејт“, Транспортниот центар и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се местата од каде што доаѓаат најголемиот број жалби и оти се безуспешни сите залагања на Групацијата на автотакси-превоз за институционално решавање на проблемите во автотакси- превозот во градот
Хаос владее во такси-превозот во градот. Скопјани сè почесто се жалат дека добиваат изгор сметки од таксистите. Од ова не се изоставени ниту странските туристи. При тоа, одредени таксисти користеле некаква апликација на мобилниот телефон и наплаќале по неа.
Ова го потврдува и претседателот на Групацијата на автотакси-превоз на Град Скопје, Сашо Рајчановски.
Тој објаснува дека тоа е резултат на тоа што, како што вели, кој сака става табла и вози такси-возило со каква било боја, без таксиметар или има ненаштелувани таксиметри. Згора на тоа, возилото не му е лиценцирано, а такси-возачот не е пријавен.
– Сè почесто се жалат граѓани, корисници на автотакси-превозот, дека им се наплаќаат високи суми по диво наштелувани таксиметри или по некоја апликација од мобилен телефон – вели Рајчановски.
Тој додава дека трговскиот центар „Ист гејт“, Транспортниот центар и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се местата од каде што доаѓаат најголемиот број жалби.
– Вакво безредие во автотакси-превозот никогаш немало. Дававме предлози за решавање на автотакси-дејноста, кои ќе ги чинеа институциите 0 денари, а со кои гарантиравме намалување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето, намалување на невработеноста и зголемување на буџетот по основ на придонеси на нововработени лица. Безуспешни се сите залагања на Групацијата на автотакси-превоз за институционално решавање на проблемите во автотакси-превозот во градот Скопје – потенцира Рајчановски.
При тоа, тој информираше дека е во фаза на изготвување нов закон за превоз во патниот сообраќај, каде што, во делот на такси- превозот, не се предвидува подобрување на состојбата, напротив зголемување на хаосот поради намалување на казните, кои и онака, како што вели, не биле високи.
– Дадовме свои реални забелешки, мислења и предлози и доколку бидат игнорирани, хаосот во такси-превозот ќе биде поткрепен со закон – тврди Рајчановски.
(А.П.)