Таинствениот еликсир за нега на лицето на Синди Крафорд

104

Познатите дами често имаат свои ритуали и тајни со кои си ја одржуваат убавината. Синди Крафорд одлучи да го сподели со светот еликсирот за лице што го користи, а вели дека него го користела и самата Клеопатра.

Синди Крафорд е инаку една од најпопуларните топ моделки на сите времиња, а сега сподели со жените од целиот свет совет како да ја негуваат својата кожа како неа.

Овој трик за совршен тен го користела и самата Клеопатра. Станува збор за едноставен третман за лице кој вклучува масажа со еликсир направен ни помалку ни повеќе туку од млеко и минерална вода. Оваа комбинација само ја прскате на лицето и ја втривате со масажни движења и тоа е сѐ, објаснува 53-годишната американска моделка Синди Крафорд.