Тажнo:Почина првата претставничка на Југославија на “Песна на Евровизија“

506

Поранешната Југославија ја памти како својата прва претставничка на популарната “Песна на Евровизија“. Станува збор за некогашната многу популарна пејачка на забавни мелодии Љиљана Петровиќ. Таа на својата 81-годишна возраст почина завчера во својот град Нови Сад, Србија во кој остана да живее, иако е родена во Босна. Љиљана ќе ја памтиме и по големиот хит-шлагер “Да не биде тоа во пролет“ испеан на еден од “Опатиските фестивали“, а во 1991 година таа објави и своја авторска книга. Ќе биде погребана на Градските гробишта во Нови Сад во алејата на заслужни граѓани.