Тажна сум, ќе мора да навивам за Борусија

2121

Челниците на Баерн (М) го шокираа фудбалскиот свет откако за време на големата прослава на новата шампионска титула решија да стават крај на соработката со клупските директори, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан.

Баварскиот гигант изминатиот викенд ја освои 11. титула по ред после победата во Келн и благодарение на големиот кикс на Борусија од Дортмунд која одигра само 2:2 против Мајнц.

После натпреварот следуваше неочекувана реакција и откази за Кан и Салихамиџиќ, кои беа дефинирани како главни виновници за се лошо што се случи во Баерн (М) изминатите неколку месеци.

И додека популарниот Брацо на пријателски начин се збогува со Баерн (М), големи несогласувања се случија околу заминувањето на Оливер Кан. И неговата поранешна девојка, Верена Керт, не е задоволна од начинот на кој Баерн (М) стави крај на соработката со легендарниот голман.

  • Останав без зборови кога слушнав за неговиот отказ. Останав без зборови и кога дознав дека не му дозволиле да биде на стадионот за време на последниот натпревар. Бев многу тажна. Тоа што му е направено на Оли не е човечки и е без почит. После се што има направено за Баерн (М), вакво нешто не заслужи. Од секогаш даваше се и сешто за клубот. Оли е Баерн (М)! Не можете и не смеете така да постапувате со Оли. Тоа нема смисла. Секогаш бев навивачи на Баерн (М), но сега морам да ја преиспитам таа одлука. Ќе размислам околу тоа да бидам навивач на Борусија, изјави Верена.

Керт и Кан беа во љубовна врска од 2003 до 2008 година, а славниот голман е во брак со Севеа Кан од 2011 година.

Оливер и Хасан имаа одлична соработка и имаа одлични резултати како лидери на Баерн (М), но клупската управа им  најде замерка на одлуката да стават крај на соработката со Јулијан Нагелсман и на негово место да го ангажираат Томас Тухел. Под водство на Тухел баварскиот гигант доживеа елиминација во Купот на Германија и во Лигата на шампиони.