Тага до небото: Таткото на Новак Ѓоковиќ ја испрати Мерима Његомир до вечниот дом

2411

Во “Алејата на заслужни граѓани“ е погребана иконата на српската изворна народна песна Мерима Његомир. Пејачката потекнува од нашиот и нејзиниот Охрид, по линија на нејзиниот татко, а таа тоа секогаш го потенцираше во своите интервјуа. Потоа животот, преку Скопје, ја однесе во Белград каде остана до последниот ден. Деновиве во својот дом во Белград почина од рак.                                                                     На последното испраќање до вечниот дом дојдоа голем број нејзини колеги-пејачи, пријатели, роднини но и голем број политичари, како и спортисти. Од државниот врв на Р Србија на погребот на Мерима дојде Ивица Дачиќ кој не се одвојуваше од трите ќерки на пејачката. Пристутните порачаа дека, за жал, на Мерима и немаше спас, но сега си го најде својот мир, сега ништо не ја боли, со оглед на тоа дека последните неколку месеци имала големи неподносливи болки.

На погребот, медиумите го забележаа и Срѓан Ѓоковиќ, таткото на славниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Мерима беше и куќна пријателка со нивното семејство, а тие многу ги сакаа нејзините стари српски песни. Мерима често приватно пееше на домашните семејни прослави на фамилијата Ѓоковиќ. Новак, долго време се обидуваше да и најде лек, но ништо од тоа, болеста беше веќе во завршна фаза.

Пејачката Мерима Његомир беше погребана со песната „Плачам за тебе“, која ја свиреа тамбурашите. Во еден страшно тажен момент додека ковчегот се спушташе во земјата, кога и небото заплака, нејзината ќерка болно возвикна: “Ти благодарам, мамо за се“! Река од солзи не можеше да ги задржи ниту кумата на Мерима, пејачката Ана Бекута. (Д.М.) foto:YT,Instagram