Таа е! Битолското чупе Марија Луиса – македонска кралица на бакшишот!

564

Сите ѝ даваат пари, и мажи и жени, а и секој би кажал, „алал да ти е кога можеш во ова време на беспарица“. Но, пејачката вели дека воопшто не ѝ е лесно затоа што е ова време на корона

Веќе е јавна тајна дека популарна пејачка од Битола, со уметничко име Марија Луиса, подолго време ја шашардисува публиката каде и да настапува. За неа велат дека не само што е кралица на клупските забави туку и дека, после Јелена Карлеуша, е кралица на бакшишот. И тоа наша, македонска! Сите ѝ даваат пари, и мажи и жени.

Се (о)зборува, но колку е точно тоа, дека многу жени со сомнителна сексуална ориентација доаѓаат на нејзините настапи. Нејзе баш ѝ е гајле, публиката си е публика. Последниот нејзин голем бакшиш, со кој ѝ самата се пофали, го потврдува тоа. Според шпекулациите, вака, „на рака“, заработила и над две илјади евра за една песна. Секој би кажал, „алал да ти е кога можеш во ова време на беспарица“.
А, дали на самата Марија ѝ е толку лесно како што нам ни изгледа?

– Да знаете дека воопшто не ми е лесно затоа што е ова време на корона, а морам да се движам меѓу луѓето. Не можам никако да им забранам да не ми приоѓаат толку блиску и на дваесетина сантиметри, со што потенцијално се изложувам на опасност од вирусот. Сепак, морам да заработувам за живот. Од воздух не се живее! Затоа, секоја вечер по секој таков настап, правам во соба една долга, исклучително здрава инхалација, која гарант ми помага да се заштитам од короната – раскажува атрактивното битолско чупе, за кое велат дека е и чудо од девојка, која умее да направи многу добра забава. (Д.М.) фото:ФБ/Инстаграм