Сè за убавина: Жените масовно започнаа да прават вакуум третман на лицето

17

За техниката “cupping” или третманот на вакуум со чаши или епрувети сигурно сте чуле, но дали знаете дека таа техника се практикува и на лицето?

Во последно време сите зборуваат за тој третман, а имено се работи за техника која со помош на специјални чаши му прави вакуум на телото и на тој начин се отстранува целулитот или се намалуваат болките во телото.

Иако е болна, оваа техника навистина делува. Меѓутоа, сега се употребува и на лицето!

Што всушност му прави на лицето? Станува збор за античка техника со која вакуумот директно на кожата му прави циркулација и ги релаксира мускулите. Некои од бенефициите од методот се намалување на надуеноста, омекнување на фините линии и брчките, стимулирање на произведувањето на колаген и побрзо апсорбирање во кожата.

Доколку сакате да го испробате овој третман имате две опции – да одите во салон и скапо да Ве чини или да ги купите овие чаши или епрувети кои на Интернет можете да ги најдете по поволни цени. Еден третман трае 30 минути, а после него кожата ќе Ви биде малку црвена, без да се појават модрици.