С. Македонија во исчекување на најавените донации на вакцини од Бугарија и Грција

57

Масовната имунизација се одвива непречено на сите пунктови во државава и за истата да продолжи со еднакво темпо, треба да ги дочекаме најавените дози вакцини кои ќе стасаат како донација од Бугарија и Грција.

Најавената донација се очекува да стигне неделава, а се состои од 50.000 дози вакцини од Бугарија и 20.000 дози од Грција, кои најверојатно ќе бидат на „АстраЗенека“, објаснува Филипче, а пренесува Дојчевеле.

Земјава во моментот на располагање има уште 5000 вакцини наменети за оние кои треба да ја примат првата доза.

Сѐ уште нема точен датум кога ќе пристигнат 500.000 вакцини на „Синовак“ кои беа најавени за почетокот на јуни, појасни министерот Филипче на денешната вежба „Одлучен удар 21“ на Криволак, пренесува Дојчевеле.