Сѐ уште не се знае дали кафените и кафулињата ќе работат до 21 или до 23 часот

И покрај тоа што има помалку од една недела до продолжување на работното време на угостителските објекти, министерот Филипче без конкретен одговор дали тоа ќе биде продолжено до 21 или до 23 часот. Сепак, според министерот рестриктивни мерки ги дадоа очекуваните резултати и влијае на намалување на бројот на заразени со ковид-19. Угостителите, пак, не се оптимисти дека со враќање на работното време до 21 часот гостите веднаш ќе се вратат во угостителските објекти туку напротив само се создаваат услови за враќање во својата нормала во наредниот период

89

Единствено олабавување на рестриктивните мерки од 21 јануари е продолжување на работното време на угостителските објекти, изјави министерот за здравство Венко Филипче. И покрај тоа што има помалку од една недела до продолжување на работното време на угостителските објекти, министерот Филипче без конкретен одговор дали тоа ќе биде продолжено до 21 или до 23 часот.

Сепак, според министерот, рестриктивни мерки ги дадоа очекуваните резултати и влијае на намалување на бројот на заразени со ковид-19.

-Допрва ќе се разгледува барањето на угостителите за продолжување на работното време за два часа за барањето на угостителите за продолжување на работното време до 23 часот. Ограниченото работно време на угостителските објекти, забраните за собирање и другите рестриктивни мерки дадоа резултати. Поради тоа освен продолжувањето на работното време на угостителските објекти останатите рестриктивни мерки остануваат да важат и после 21 јануари, изјави Филипче.

Скратувањете на работното време на угостителските објекти до 18 часот беше донесено минатиот месец, а целта беше да се избегнат забави, прослави и групирања за време на празниците.

Угостителите очекуваат дека со враќање на работното време до 21 часот полека да почнат да работат нормално, да имаат повеќе гости и промет и да можат да ги покриваат загубите кои настанаа поради рестрикциите и кратењето на работното време. Исто така, тие очекуваат и протоколи за работа ќе бидат коригирани, унифицирани и унапредени.

Меѓутоа, тие не се оптимисти дека со враќање на работното време до 21 часот гостите веднаш ќе се вратат во угостителските објекти туку напротив само се создаваат услови угостителите полека да ги започната активностите за враќање во својата нормала во наредниот период.

Угостителите сметаат дека варијациите на вирусот ковид-19 што изминатиот месец се појавија во некои делови од Европа ќе влијаат на изготвувањето на препораките и протоколите за работа на угостителските објекти не само кај нас туку и пошироко.

Сè уште не се знае дали со продолжување на работното време до 21 часот ќе се исполни барањето на угостителските објекти за живи свирки кои се дел од програмата за секојдневното работење на некои угостителски објекти.

Останува да видиме дали министерот Филипче и Комисијата за заразни болести ќе дадат зелено светло на барањето за музички настапи на естрадни уметници и за работа на кафеаните, кафулињата и ноќните клубови до 23 часот.

(А.С.)