Суровоста на природата на дело: Китови орки нападнаа голема бела ајкула и ја изедоа/ВИДЕО

1007

Досега невидена случка е снимена од дрон на Западен Кејп, во западен Мосел, на брегот на Јужна Африка.

На снимката се гледа како група китови орки напаѓаат голема бела ајкула и ја јадат.

Оваа ретка ситуација во која е прикажана суровоста на природата, е за прв пат снимена од беспилотно летало.

„Ова е веројатно една од најубавите снимки некогаш снимени“, рече научничката Алисон Таунер.