Светот ја доби првата слика од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија.

Непознат, невидлив и супермасивен објект во средината на Млечниот Пат познат како „Стрелец А“ околу кој орбитираат ѕвездите е всушност црна дупка, тоа го покажува првата слика од овој космички феномен објавена од тимот на Универзитетот Илиноис Урбана-Шампањ.

Иако самата црна дупка не може да се види, истражувачите од овој универзитет кои се дел од меѓународната соработка „Event Horizon Telescope“ објаснуваат дека блескавиот гас околу темниот центар укажува на тоа.

Снимката е направена благодарение на мрежата на радио телескопи ширум светот.

Трудот е објавен во шест научни списанија.

Оваа црна дупка е четири милиони пати помасивна од нашето Сонце и е оддалечена 27.000 светлосни години од Земјата.

Ова откритие доаѓа по откривањето на црната дупка наречена ѕвезда М87 во далечната галаксија Месиер 87 од 2019 година. Иако ѕвездата „Стрелец А“ е многу поблиску, според научниците, беше потешко да се открие бидејќи орбитата на гасот што орбитира околу неа трае само неколку минути, за разлика од орбитата на многу поголемата ѕвезда М87, која трае со денови.