Суперкомпјутерот откри кој е фаворит за пехарот на ЕП 2024

767

Британската компанија за спортска аналитика „Опта“ откри која репрезентација има најголеми шанси да го освои пехарот на претстојното Европско првенство во Германија.

Во соопштението се наведува дека суперкомпјутерот на „Опти“ предвидел дека англиската репрезентација е прв фаворит на ЕП со 19,9 проценти од шансите за освојување на континенталниот шампионат, Франција е втора со 19,1, додека Германија е трета со 12,4.

Најмалку шанси за освојување на Европското првенство има репрезентацијата на Грузија со 0,1 отсто.

Нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија, е на 14. позиција кога се фаворитите во прашање, со 1 % шанси да го освои драгоцениот трофеј.

ЕП ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија, а Србија ќе игра во групата Ц со Англија, Словенија и со Данска.