Сузана Гавазова повикува….Бидете хумани, тоа е доблест!

22

Популарната фолкерка Сузана Гавазова освен што српскиот музички пазар веќе го освои со нови песни и видео спотови, таа не заборава на својата родна Македонија. Во таа насока деновиве навистина ја пробуди хуманоста кај нашите луѓе, па ги повика сите и покрај тешкотиите во секојдневното живеење, да бидат постојано хумани, да помагаат кој колку што може: -Хуманоста е доблест што во последно време не е на цена. Луѓето живеат во нивните телефони и не сакаат да ги видат другите и нивните потреби.

Факт е дека кога ќе му помогнеме на некој, ние се чувствуваме убаво и исполнето. Затоа, ако ништо друго биди хуман од себични причини. Ќе ви биде убаво, но и на оние на кои ќе им помогнете, искрено кажа згодната Гавазова, а која е и мајка на слатките девојчиња.  Д.М.