Сузана Гавазова и Драгана Мирковиќ на заеднички концерт го пееја македонскиот евергрин „Македонско девојче“ – И сестрински и братски

8911

Македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова во Швајцарија настапи заедно со големата балканска фолк-ѕвезда Драгана Мирковиќ. Откако медиумите низ поранешна Југославија и понатаму везат приказни за пукнатиот брак на Драгана со бизнисменот Тони Бијелиќ, таа не тагува, ниту се затвора во соба. Драгана ужива во животот и во другарувањето со публиката, но и со своите колешки. Такво едно нејзино другарување се случи пред неколку дена во Швајцарија со македонската фолк-ѕвезда Сузана Гавазова.

И Драгана и нашата Сузе лудуваа и се журкаа заедно со голем број свои огнени фанови. Секако дека и одлично заработија од настапот.

Во одлична организација на македонскиот менаџер Хари Сековски, кој со години живее и работи токму во Швајцарија.

Драгана со успешниот организатор на концертот, нашиот Македонец (од Прилеп) Хари Сековски

Гавазова највпечатлив настап имаше со македонскиот евергрин „Македонско девојче“, а Драгана покрај оваа песна го испеа и својот незаборавен хит „Питају ме у мом крају“.

По примерот на „братство и единство“. Вечер која се памти и по песните и по севкупната атмосфера, која до точка на вриење ја направија голем број Срби, Македонци, Бошњаци, Далматинци, Црногорци…. На овој концерт заедно со Гавазова беше и нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ, кој како и секогаш и овој пат уживаше во другарувањето на распеаните обожаватели на неговата популарна Македонка.   Д.М.