Висок суд во Белград го потврди обвинението против хрватски пилоти за наводни воени злосторства над српските цивили за време на операцијата „Бура“ во 1995 година.
Српското обвинителство обвини четворица хрватски пилоти дека наредиле ракетирање на колона бегалци на Петровачка цеста кај Босански Петровац и во местот Сводна во близина на Нови Град (поранешен Босански Нови) на 7 и 8 август 1995 година.
Во тие напади се идентификувани 13 жртви, меѓу кои шест деца и 24 ранети.
На 31 март беше поднесено обвинение против припадниците на хрватското воздухопловство Владимир Микач (67) од Птуј, Зденко Радуљ (69) од Осиек, Жељко Јелениќ (69) од Пула и Данијел Боровиќ (64) од Вараждин.
Највисоките хрватски функционери го нарекоа обвинението „чисто политиканство“ и ја обвинија Србија дека глуми „регионален Хаг“.