СУГАРЕСКИ ВО ВЕЛЕС: Капиталните проекти се исклучително важни за локалната економија

70

– Проектите на општините што се реализираат преку Министерството за транспорт и врски се исклучително важни за локалните самоуправи и за граѓаните и затоа тоа за нас е врвен приоритет. Затоа во изминатите две години многу ја подобривме и ја подобруваме комуналната инфраструктура и локалните патишта во државата и на тој план и оваа година очекуваме  да биде успешна, потенцира министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски направија увид на терен во изведба на градежните работи на замена на старите со нови водоводни и канализациони цевки.

Станува збор за проекти во вредност од 625.000 евра што се изработени од општината, а финансирани од Министерството за транспорт и врски.

– Во моментот работиме на повеќе од 30 проекти преку Европската инвестициска банка со буџетски средства од министерството, проекти вредни над 10 милиони евра и кои во најголем дел очекуваме да бидат имплементирани годинава – информира Сугарески.

Министерот Сугарески рече дека на Велес му следуваат околу 1,2 милиони евра од парите што ќе ги добиеме од договорот со Светската банка, а ќе бидат имплементирани во текот на следната година. Градоначалникот Аце Коцевски исто така потенцира дека ова се исклучително важни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните.

Тој појасни дека ќе се реконструираат старите дотраени азбест цементни линии кои им создаваа големи проблеми на граѓаните поради честите дефекти и прекини на водоснабдувањето и намање на доволен притисок на цевководите. Со новите ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето, а потоа  ќе може да се стави и завршен асфалт на овие улици каде што се прави реконструкцијата, информира Коцевски.

– Ова ќе биде најуспешната година на инвестициски план на општина Велес  и очекуваме големи капитални инвестиции со што значително ќе го подобриме квалитетот на живење на граѓаните – потенцира Коцевски.

Воедно информира дека ЈКП „Дервен“ од сопствени средства продолжува со тековната замена на старите водоводни и канализациони линии во градот.