Суарез главен во нападот

82

Англискиот премиерлигаш Астон Вила ќе биде следната дестинација на уругвајскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Луис Суарез. Искусниот напаѓач има договор со „јорганџиите“ до 30. јуни 2022 година и може да се пресели во Бирминхем без никакво обештетување. Суарез не крие дека сака повторно да соработува со менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард.