Студен фронт се спушта кон Балканот-Зимата ни тропа на врата – се очекува првиот снег!

Под влијание на студен и влажен воздушен бран од север, температурите во Македонија од денеска се намалуваат за 8 до 10 степени во споредба, понекаде и за повеќе од 10 степени, најави метео-прогнозерот Славчо Попоски, познат по своите анализи за временските услови. Според Попоски, овој студен бран од север ќе донесе засилен северен ветер, локални врнежи од дожд и нагло заладување на времето, а не се исклучува можноста на највисоките планински врвови и во Македонија да провее по некоја снегулка.

1066

-Сето ова ќе биде проследено со силен северен ветер, на Јадранот силна Бура, а ќе има и врнежи од дожд. Со заладувањето, на планините над 1600, 1700 м.н.в се очекуваат и првите снегулки за оваа сезона. Овој бран во Македонија ќе пристигне ноќта во недела кон понеделник и ќе донесе засилен северен ветер, локални врнежи од дожд и нагло заладување на времето, односно температурите од понеделник ќе се намалат за 8 до 10 степени во споредба со сегашните, понекаде и за повеќе од 10 степени. Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови и во Македонија да провее по некоја снегулка.

Попоски вели дека оваа седмица ќе биде многу променлива, повремено ќе има и врнежи, особено во денеска претпладне и во утре во текот на целиот ден.

-Во понеделник температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а уште постудено ќе биде во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени. Сепак од средината на следната седмица повторно се враќа значително потоплото време, односно ќе имаме сè уште потопли денови, и покрај оваа голема и нагла промена на времето која ни следува, објави метеорологот Славчо Попоски, на социјалните мрежи.

Претходно, словенечкиот портал „Neurje.si“ најави повеќе снег. Користејќи ги моделите на Европскиот центар за прогнози (ECMWF) се заклучува дека границата на врнежи од снег, под влијание на циклонот, ќе падне на околу 1.500 метри. Сепак, снегот поради високите дневни температури брзо ќе се стопи, а самото ладење не би требало да трае предолго, пишува N1.