СТУДЕН БРАН ќе ја зафати Македонија

407

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места.

Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни.

Утринските температури се движат во интервалот од минус 1 до 6, додека соодветно максималните дневни ќе бидат од 0 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со дожд.  Во повисоките делови од котлината врнежите попладне ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Темпертурата ќе достигне до 6 степени