Студен бран во Македонија: Но, ќе ни се врати „летото“!

21636

Првиот снег вчера падна во Хрватска, Словенија и БиХ. Се забелеа врвовите на Платка кај Риека, планинскиот врв Кредарица на Јулијанските Алпи на надморска височина од 2.541 метар, како и Вршич и Вогел,како и на планината Влашиќ.

Целиот Балкан во моментов е под влијание на студена воздушна маса. Температурата е во просечниот опсег за средината на октомври.

Времето денеска во Македонија, во претпладневните часови ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, а попладне се очекува врнежите да престанат и да биде променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурите наутро ќе бидат од 6 до 16 Целзиусови степени, а во попладневните часови од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, во утринските часови ќе биде со врнежи од дожд, а преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 12 степени, а во текот на денот 17 Целзиусови степени.

И утре, според прогнозите на УХМР, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје утре ќе биде облачно со врнежи од дожд и со слаб ветер од променлив правец. Утре температурата во текот на денот ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

Според метеоролозите променливо, свежо есенско време ќе трае до четврток и иако се чини дека летото заврши, топлите и сончеви денови не се завршени. Од викендот повторно се очекува пријатно и топло време за овој дел од годината.

Студено време, но за кратко: Од петок се враќа сонцето!