Студенти од Технолошки и Архитектонски факултет разубавија шест излози

153

Дваесет и пет студенти од Технолошко-металуршкиот и Архитектонскиот факултет во Скопје разубавија шест излози во центарот на градот, како дел од првото издание на фестивалот „Недела на излозите“, што ќе трае до вторник.

Преуредени се излозите на книжарниците „Култура“ и „Литература.мк“, часовничарот „Хронометар“, Театарот за деца и младинци и на продавницата за чоколада на швајцарскиот бренд „Линт“, како и пасажот до „Литература.мк“.

„Недела на излозите“ е нов фестивал за креативност, современост и уникатност доловени преку излозите кои се естетски симболи на визуелната култура на градот.

Основачи на фестивалот се модниот истражувач Кристина Глигоровска, архитектката Искра Јанковска-Михајловска и модната креаторка и професорка Лидија Георгиева, а е поддржан од Амбасадата на Швајцарија.