Студено утро, преку ден сончево и потопло

35

Денеска наутро времето ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 2.

Максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.