Струјата до Нова Година нема да поскапи, а за после се уште е рано да се каже, вели Беслимоски

169

Премногу е рано да зборуваме што ќе биде од први јануари, бидејќи работите се менуваат како на филмска лента, во текот на декември ќе имаме поконкретни информации, изјави Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторна во врска со поскапувањето на цената на електричната енергија.

Постои проблем со цените на електричната енергија и природен гас во цела Европа. Во наредниот период што следи може да се очекува одредени држави пред се своето домашно производство ќе го користат за свои потреби, но пак ќе има трансакции на пазарот на електрична енергија и тоа ќе функционира. Во делот на природниот гас, пак, кога ќе се зголеми испораката на присодниот гас од Русија, горе доле ќе се стабилизира цената со природниот гас, а со тоа ќе се стабилизира и цената со електричната енергија. Ова не е проблем само во нашата земја, туку во цела Европа и веќе и европската комисија и нашата влада превземаат мерки со цел да се стабилизира ситуацијата со електричната енергија и природниот гас. Во однос на цената едно е сигурно, поскапување нема да има до крајот на годината. Колку за пример за да се види како драстично се менуваат состојбите, по најавата на Путин дека ќе ја зголеми испораката на природен гас преку Украина, цената на електричната енергија на берзата во ХУПЕКС се намали на 20 проценти. Во овој момент и ЕСМ заедно со Владата превземаат активности за да се обезбеди јаглен, со цел да се стабилизира цената на електричната енерија кај нас и таа помош пред се ќе се однесува на стопанството и ќе биде распределена на најправеден начин до сите потрошувачи на слободниот пазар.