Со фасцинанитните фотографии на необични, најчесто застрашувачки, морски суштества кои живеат во неистражените океански длабочини на нашата планета, а изгледаат како да не се од овој свт, објавен на твитер, рибарот од Мурманска им го сврте вниманието на корисниците на интернет при крајот на 2017 година, пренесува Руска реч.
Една година подоцна, на крајот од 2018 година, Роман на својот налог на инстаграм имаше 220 000 следбеници, а за необичните примероци улов од страна на неговито рибарски брод, иако за око не се воопшто привлечни, коментира целата планета.
Интернет коментаторите овие морски чудовишта ги потсетуваат најчесто на јунаци од научнофантастични филмови, демони од пеколот, или вонземски суштества, некогаш од мака им доаѓа да прснат од смеа, а има и остра сатира.
Роман редовно објавува фотографии и видео снимки кои зборуваат за секојдневието на рибарскиот брод со најнеобичен улов на светот.