Страотна несреќа во Земун: Автобус слетал во детско игралиште, има повредени/ФОТО

205

Градски автобус удрил во паркот во улицата Краишка во Земун денеска околу пред 14 часот, а во несреќата има повредени, меѓу кои и деца.

Нова.рс пишува дека се повредени најмалку четири лица. Српските медиуми ја пренесуваат изјавата од Итната помош дека се повредени четири деца. Три деца се пренесени во Тирсово, а едно дете е пренесено со приватен автомобил, пишува порталот. Меѓу нповредените имало и едно возрасно лице.

Како што неофицијално дознава РТС, ниту еден од повредените не е во животна опасност. Се додава дека се повредени и две лица кои биле во автобусот.

Иако некои медиуми објавија дека возачот на автобусот побегнал од местото на несреќата, Конзорциумот на приватни превозници посочува дека тој се оддалечил за да ги извести диспечерите што се случило. Потоа дал изјава во полиција.