Страдате од несоница: дозволете Моцарт да се погрижи за тоа

51

Веќе е докажано дека музиката влијае на емоциите, може да расплаче, ама и да насмее. Ново истражување докажало дека одредени композиции можат и да помогнат при проблеми со заспивањето.

Истражувањето спроведено во Хонг Конг покажало дека музиката успешно го решава проблемот со несоницата. Во студијата учествувале над 100 испитаници кои во текот на три години, секоја вечер пред спиење слушале музика во траење од околу 45 минути.

Песните кои ги слушаа траат имаа меѓу 60 и 80 битови или удари во минута. Во истиот ритам чука и нашето срце додека тонеме во сон.

Со слушањето музика го опуштаме телото, синхронизирајќи ги отчукувањата на срцето со мелодијата, па така и овој ритуал станува некој вид медитација.
Важно е да водите грижа за ритамот на музиката, бидејќи премногу брзи песни можат да предизвикаат спротивен ефект.

Кога било утврдено дека музиката е толку делотворна, лекарите се посоветувале со музичари кои би компонирале тонови наменети толку за таа намена.

 

Освен што е одлична за несоница, музиката успешно се бори и со проблемот на анксиозноста. Едно истражување навело дека кај испитаниците оваа непријатна состојба е намалена за 65 проценти.

Овие мелодии докажано најбрзо можат да ве заспијат:

• Clair de Lune” Klaud Debusi

• “The Boxer” Simon

• “Canzonetta Sul-aria” Mocart