„Страв ми е, живее на само 100 метри од мене“

14419
epa10635201 Toni Kroos of Real Madrid applauds fans after the UEFA Champions League semi-finals, 2nd leg soccer match between Manchester City and Real Madrid in Manchester, Britain, 17 May 2023. Manchester City won 4-0. EPA-EFE/DAVID RAWCLIFFE

Тони Крос остави неизбришлива трага играјќи за Реал (М) каде мина десет години од својата кариера, а претходно беше член на Баерн (М) и на Баер од Леверкузен.

Иако стави крај на својата богата кариера на крајот од изминатата сезона, замина, веќе е забележано неговото отсуство во играта на Реал, а Германецот неодамна уште еднаш повтори дека стои на својот став и нема да се врати на зелениот терен.

Во едно од последните интервјуа, Крос откри дека се уште постојат одредени стравувања и тоа поради Карло Анчелоти. Секако, легендарниот играч за врска беше малку саркастичен.

-Сè уште имам одреден страв бидејќи Анчелоти живее на 100 метри од мене“, изјави Крос, а потоа додаде: „Среќа па не ме посетува…“

На Анчелоти веројатно не би му пречело да го има Крос во неговиот тим во услови на тешкиот почеток на сезоната за Реал (М) кој веќе има четири бода помалку од вечниот ривал Барселона.

Италијанецот и Крос во последните години соработуваа во Реал (М), а нивниот однос беше повеќе од одличен и затоа тренерот на „кралскиот клуб“ се уште бара замена за Германецот.

Анчелоти пробуваше различни опции во средниот ред, дури го „реактивираше“ Дани Себаљос, но на средината од теренот немаше напредок.

Крос ги закачи копачките во јули по 465 настапи за Реал (М). Со „кралевите“ освои и пет титули во Лигата на шампионите.

По завршувањето на фудбалската кариера се сврте кон одредени приватни проекти, па дури и игра фудбал во затворен простор во натпреварувањето Лига на икони каде настапуваат поранешни играчи.

Големо внимание посветуваше и на својата фудбалска академија. Како што сега стојат работите, тој не планира да се занимава со тренерска работа.