Шпанскиот возач Фернандо Алонсо доживеа тежок судир на тренингот пред трката „Инди 500“. Тој во текот на тренингот ја загуби контролата над својот болид и при полна брзина удри во еден, а потоа и во друг ѕид.

За среќа Алонсо се извлече без потешки повреди, иако лесно можеше да ги добие по стравичниот удар. Тој веднаш беше префрлен во медицински центар за дополнителни прегледи, а утврдено е дека нема никакви повреди.

По долгата и успешна кариера во Формула 1, Алонсо бележи фантастични резултати и во другите тркачки шампионати.