Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, објави видео како брка мечка во селото Жировница, каде што локалните жители се под постојан страв во последно време од наездата на овие животни.
„Вечерва низ тесните улички на с. Жировница…Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“, напиша Ангелов кој при тоа веќе информираше за владината одлука да не се намалува бројноста на кафеавата мечка, туку да се дислоцира во ненаселени места.