Стотици млади фоки угинаа за време на разорна бура во Шкотска

74

Стотици младенчиња фоки угинаа за време на разорната бура Арвен во природен резерват на југоистокот на Шкотска.

Националниот институт за конзервација кој управува со резерватот Сент Абс, вели дека никогаш порано немале таква катастрофа.

Шкотските власти наведуваат дека 224 мртви младенчиња биле пронајдени во водата во областа на заливот Петико Вик и дека тие сѐ уште се на брегот.

Понатамошните испитувања ќе ја утврдат состојбата со другите колонии на фоки на овој простор, но велат дека „не изгледа добро“.

Во текот на изминатите децении, тие успеаја значително да ја зголемат популацијата на овие животни.

До 2007 година воопшто немаше фоки, а тоа постепено се менуваше, се до соборување на рекордот со 1.800 нови младенчиња минатата година.

Сепак, Националното биро известува дека разорната бура Арвен нанела голема штета на животинскиот свет во оваа област на Шкотска во текот на викендот.

„За жал, се чини дека ги загубивме повеќето младенчиња фоки во ова невреме. Тој ризик секогаш постои бидејќи сивите фоки се мрестат во овој период од годината, кога бурите се најчести. Но, вакво силно невреме да го погоди врвот на сезоната на мрестење, е навистина исклучок“, напишаа тие на Фејсбук.