Стоп за организирањето борби со кучиња

45

Во рамките на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за борбите со кучиња- 8 Април, прифатилиштето на јавното претпријатие „Лајка“ ја отпочна кампањата за подигнување на свеста за овој вид на суров и крвав „спорт”.

Од претпријатието потсетуваат дека борбите се кучиња тешка форма на кривично дело и најчесто завршуваат со брутални убиства, злоупотреба и измачување на кучињата.

-Кучиња кои се користат за овој суров профитерски спорт најчесто живеат во лоши услови, сопствениците ги прегладнуваат, тепаат, обидувајќи се да ги направат што поагресивни-потенцираат од ЈП „Лајка“.

Оттаму додаваат дека нивното прифатилиште досега се спасени неколку кучиња кои биле измачувани и злоупотребувани за борби.

Борбите се забранети според Законот за заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ 113/07) и во него се предвидени прекршочни санкции за организаторите и учесниците. Борби со кучиња се кривично дело според Кривичниот закон член 233: „Тој којшто грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци“.