Столтенберг: НАТО ќе ја преземе координацијата на испораката на оружје за Украина од САД

285

НАТО ќе ја преземе координацијата на испораката на оружје за Украина од САД, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Очекувам министрите да одобрат план НАТО да ја води координацијата на безбедносната помош и обука на Украина“, изјави Столтенберг за новинарите пред дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

„Ова е клучен елемент од нашиот пакет за Украина на самитот во Вашингтон, заедно со долгорочна финансиска посветеност“, рече Столтенберг.