Продолжуваат акциите за решавање на проблемот со непрописно паркирање на возила.
Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта” поставија заштитни столпчиња на потегот пред куќата на уметникот Никола Мартиновски, односно на крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев” и улицата „Лазар Личеноски”.
Како што информираат од Градот, со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег.