Македонскиот ракометен репрезентативец и капитен на се уште европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов и неговата сопруга Деница се реализираа во улогата на родители на 19-ти август. Малиот Бојан е првата среќа за младиот брачен пар, а бременоста на Деница минала без никакви проблеми.

Радоста на родителите, а особено на Столе се виде и од најновата фтографија која се појави на социјалните мрежи. Само два дена по неговото доаѓање на свет, Бојан беше фотографиран додека спие целиот облечен како „Бетмен“.

Можеби на тато Столе Бетмен му е омилен филмски лик па затоа одлучил тоа да го пренесе и на наследникот уште од мали нозе.