Езерото Натрон е солено езеро кое се наоѓа во северна Танзанија, во близина на границата со Кенија. Езерото го добило името по хемикалијата што ја содржи, натронот, која е мешавина од натриум карбонат и натриум бикарбонат.
Хемискиот состав е создаден поради близината на уникатен вулкан. Натрон го нарекуваат и „езеро на мумиите“, поради тоа што им се случува со животните кои ќе паднат во него.
Ова езеро е прогласено за едно од најнегостопримливите места во светот, каде кутрите суштества се претвораат во камен кога ќе дојдат во допир со водата.
Пред неколку години, британскиот фотограф Ник Бренд беше во мисија да ја истражува „непознатата Источна Африка“, од моментот кога наиде на скаменети птици на езерото Натрон. Бренд забележал дека на брегот има стотици трупови, главно лилјаци и птици.
” Lake Natron, Tanzania pic.twitter.com/gKD3PNBUL6
— _GÖZLEMCİ_ (@SinKarahan) August 17, 2016
Научниците објаснуваат дека птиците често паѓаат во ова плитко езеро (длабоко е само околу 3 метри), бидејќи се збунети од високо рефлектирачката површина на која се рефлектира небото. Откако птиците ќе умрат во езерото, нивниот скелет го зачувува натриум карбонатот од него. Оваа хемикалија, која се користела и во египетските методи на мумификација, го спречува распаѓањето на телото.
Како што се намалува нивото на водата, телата на мртвите птици остануваат на брегот во неверојатно зачувана состојба. Фотографот ги поставил во природни позиции – како да стојат на гранки, или пливаат во вода и ги фотографирал. Фотографиите направени во периодот од 2010 до 2012 година се појавија во книгата на Бренд „Across Stolen Lands“, пишува National Geographic.
Amazing photo of a calcified bird from Lake Natron, Tanzania.
vs
All I can see. pic.twitter.com/fUMcQbI4x1— Taffin (@Ballymoran) September 1, 2017
Исто така, има поинаков изглед, кој повеќе личи на излевање на нафта отколку на течна магма. Кога лавата ќе се олади, се претвора во белузлав прав. Дождовницата што се собира на земјата преку својот тек го собира овој отровен остаток и го носи до езерото Натрон.
Поради тоа, рН-вредноста на езерото е од 9 до 10,5, а температурата на водата во летните месеци може да достигне и 60 Целзиусови степени. Затоа стана т.н „базен на смртта“, иако околината на езерото врие од живот.
Сепак, ова езеро не е само базен на смрт и безнадежност. Всушност, езерото и неговата околина врие од живот. Неверојатно, меѓу 65 и 75 проценти од помалата популација на фламинго во светот се родени на езерото Натрон, а киселоста на езерото всушност помага во овој процес, бидејќи екстремно високото ниво на pH ги држи предаторите подалеку од младенчињата фламинго.