Стивен Кинг со свој коментар за крајот на „Игра на престоли”

102

Мајсторот за хорор приказни, писателот Стивен Кинг е огромен обожавател на „Игра на престоли”, па на Твитер се огласи и по повод финалето на телевизиската серија.

– Пред вечерашната епизода од „Игра на престоли”, голема благодарност до Џорџ Р.Р. Мартин, Дејвид Бениоф и Ден Вајс за осмата сезона од вака извонредната фантастична (и човечка) драма. Малку серии може да се наречат револуционерни. Оваа е една од нив. Дечки, закон сте!, напиша Кинг пред почетокот на синоќешната последна епизода.

Потоа, тој со едноставно одобрување, ја сподели и објавата на писателот Скот фон Довијак‏ која гласи: „Не ме интересираат продолженија и претпродолженија, но би го гледал „Арја: Западно од Вестерос”.

По прикажувањето на последната епизода, Кинг повтори дека ја обожава серијата, иако голем број обожаватели жестоко ја критикуваат. Тој смета дека тоа е така, просто, затоа што луѓето не го сакаат краеви.