Стајиќ и официјално во KK Куманово

53

Кошаркарскиот плејмејкер на Македонија, Бобан Стајиќ, и официјално стана нов член на екипата на Куманово, откако потпиша договор до крајот на сезонава.

Стајиќ минатата сезона ја мина во дресот на Фени индустри, по што летово се пресели во редовите на македонскиот шампион, МЗТ Скопје. Сепак, откако не ја доби посакуваната минутажа побара и доби раскин на договорот со „металците“, а од неколкуте понуди одлучи да ја продолжи кариерата кај „кумановци“.