Стапката на самоубиства во Хрватска е двојно поголема од стапката на смртноста во сообраќајни несреќи

83

Депресивното растројство е една од водечките причини за хоспитализација, а во Хрватска процентот на хоспитализирани пациенти е двојно зголемен во последните 25 години.

На ниво на Европската унија речиси седум отсто од населението страда од депресија, а експертите велат дека ова ментално растројство е тивка пандемија во Европа.

Стапката на самоубиства во Хрватска е повисока од просекот на ЕУ.

Во таа насока беше претставена и нацрт-стратегијата за развој на менталното здравје, а се очекува нејзина реализација до крајот на следната година.