Стапката на невработеност во Хрватска е на рекордно ниско ниво од 5,7 отсто

82

Според податоците на Анкетата за работна сила (АРС) на хрватскиот завод за статистика за тримесечниот период од јули до септември 2019 година, стапката на невработеност паднала на рекордно ниско ниво од 5,7 проценти за граѓаните постари од 15 години, односно на стапка од 5,8 проценти од населениото на возраст помеѓу 15 и 64 години. Интересно е тоа што тоа е пад од два процентни поени, кога тие стапки на невработеност изнесувале 7,3 и 7,4 проценти.

Така во третиот квартал на 2019 година просечниот број на невработени според таа анкета изнесувал 103,000, а во третото тримесечје во 2018 година, тој број бил на ниво од 133,000.

Анкетата за работна сила ја користи методологијата усогласена со онаа која ја пропишува Статистичката канцеларија на Европската унија (Еуростат) и ја споредуваат со другите држави на ЕУ. Споредувањето на податоците за невработените добиени од анкетата со податоците на Хрватскиот завод за вработување, се истакнува во соопштението на ДЗС, покажува дека во третото тримесчје за 2019 година, стапката на невработеност според податоците на административните евиденции е поголема (6,8 проценти), од стапката на анкетната невработеност (5,7 проценти).

Од ДЗС прецизираат дека во третото тримесечје на 2019 година, бројот на невработени според анкетата бил помал за 11,000 луѓе од податоците на Хрватскиот завод за вработување, односно изнесувал 103,000, додека според податоците на ХЗЗ имало 114,000 невработени.