Турскиот стрелец Јусуф Дикец, поднесе барање до Турскиот институт за интелектуална сопственост за заштита на комерцијалната употреба на позата што го прослави на Олимписките игри во Париз.

„Откако бевме информирани за бројни иницијативи за регистрација на трговска марка, кои беа спроведени без знаење на Јусуф Дикец, го поднесовме барањето пред околу една недела“, изјави неговиот тренер Ердинк Билгили за France-Presse (AFP).

Дикец на годинешните Олимписки игри во дисциплината 10 метри мешан воздушен пиштол, во која го освои сребрениот медал, пукаше со левата рака во џеб, без заштитни очила и слушалки.

Некои спортисти, како шведскиот скокач во далечина Арманд Дуплантис и фудбалерот на Челзи, Николас Џексон, ја копираа неговата поза за време на прославите.

Турскиот јавен информативен канал ТРТ Хабер објави дека многу производи со неговата поза, како што се маици, чаши и навлаки за мобилни телефони, се пуштени во продажба.

Турскиот Институт за заштита на интелектуалната сопственост не одговори веднаш на АФП.

Дикец и неговата партнерка Севал Илајда Тархан беа поразени од српските стрелци Дамир Микец и Зорана Аруновиќ во финалето на Олимписките игри во Париз